Д-р Емили Морс, експерт за човечка сексуалност, на својот профил на Инстаграм објави совети за сексуална грижа на поединци.
Имено, таа објасни дека е многу важно за секоја личност да одвои време и да се фокусира на своето интимно здравје и задоволство.
Таа препорачува неколку работи за кои тврди дека можат да обезбедат олеснување и да нè натераат да имаме поголема самодоверба за нашето тело.
„Кога практикуваме сексуална грижа за себе, стануваме свесни дека нашата рутина мора да вклучува сексуално здравје, како и сексуално задоволство. Исто така, тоа значи да научите за она што ви се допаѓа и што не ви се допаѓа од сексот и да знаете дека е во ред да промените некои работи “, вели Емили, како што пренесува „Дејли Стар“.
Еве 5 работи што таа ги наведе како клучни за овој процес:
1. Позитивна афирмација – Соберете ги и запишете ги работите што ги сакате за себе како и за својствата и физичките карактеристики
2. Сликајте голи селфи – не мора да му ги праќате на никого, само започнете да се восхитувате на себе и на вашето тело
3. Ослободете се од срамот – престанете да бидете премногу груби кон себе и заборавете на секоја мала работа што ве стишува заради што не можете да се чувствувате добро во вашата кожа
4. Редовни прегледи – водете сметка за вашето сексуално здравје и секогаш кога мислите дека постои причина одете на лекар без двоумење
5. Самозадоволувајте се – без разлика дали имате партнер или не, мастурбацијата секогаш ќе ви овозможи да се чувствувате поисполнето и среќно
Поединци коментираа дека сликањето голи селфи носи најмногу плод и дека тоа им помогна да го сакаат своето тело и да се чувствуваат како да имаат поголема самодоверба од порано.