Има 47 години а изгледа подобро од било кога. Нема да верувате кој е омилениот производ за нега на Хајди Клум!

9 август, 20200
ррр


Иако сите мислат дека манекенката троши вистинско богатство на нега и оди на најскапи третмани, тоа не е ни приближно до вистината. Хајди Клум има 47 години, и изгледа одлично и лесно може да застане рамо до рамо со девојка двапати помлада од својата возраст. Нејзината кожа изгледа добро негувана дури и во 5-та деценија, а нејзиниот тен е сјаен. На лицето нема брчки, ниту нешто што може да укаже на тоа дека зачекори во 5-та деценија многу одамна. Верувале или не, нејзината тајна е кокосово масло. Добро е познато колку е корисно кокосовото масло за целото тело и дека козметичките индустрии честопати го користат како главна состојка во разни креми. Поради големата количина на витамин Е, совршено ја хидрира кожата и спречува брчки. Витаминот Е, покрај колагенот, е најдобриот сојузник на убаво лице.

Покрај тоа, ова масло може да се користи и за нега на коса. Неколку капки масло ќе го вратат сјајот на сувите краеви и ќе ја обноват структурата на косата.

Хајди Клум, барем 3 пати неделно, пред спиење, наместо кој било крем или серум, нанесува косово масло на лицето.

“Тоа е толку ефтино и едноставно и ве тера да се чувствувате згрижени во секое време. Во принцип, претпочитам да се вртам кон природни работи, наместо на производи полни со парфеми и вештачки состојки”, рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *