ИМА НАДЕЖ ЗА СИТЕ НАС! И луѓе што немаат прележано корона , развиваат имунитет!!!

popara3 август, 20201min00
вирус

Имуниот систем кај некои луѓе кои немале коронавирус сепак може да има некој вид на препознавање на патогеното -што понатаму може да помогне во намалување на тежината на болеста, доколку лицето се зарази со Ковид-19.

Студијата објавена во научното списание “Nature”, открила дека меѓу 68 здрави испитаници во Германија кои никогаш не прележале коронавирус, 35 проценти од нив имаат Т-клетки во крвта кои биле реактивни на вирусот.

Т- клетките се дел од имунитетот и ни помагаат во заштита на телото од инфекција. Реактивноста на Т-клетките покажува дека имуниот систем можеби имал некое поранешно искуство во борбата со слична инфекција и дека може да ја користи таа меморија да помогне во борбата против нова инфекција.

Како имунитетот на овие испитаници може да има реактивни Т-клетки ако никогаш немале Ковид-19?

Тие веројатно се стекнати во претходни ендемски инфекции од други видови на коронавируси. Употребата на овие Т-клеточни мемории со уште една слична инфекција во одговор на новата инфекција се вика “вкрстена реактивност”.

Новата студија вклучила анализа на примерок од крв од 18 пациенти со ковид- 19 на возраст од 21 до 81 година и здрави пациенти на возраст од 20 до 64 години. Се открило дека Т- клетките реактивни на коронавирус се откриени кај 83 пациенти со Ковид-19.

Иако истражувачите пронашле постоечки вкрстени реактивни Т-клетки кај здравите испитаници, тие во студијата напишале дека влијанието на клетките на исходот на инфекцијата со Ковид-19 уште не е познат.

Знаеме дека децата и младите се релативно поштедени од тешки последици од оваа болест и веројатно едната хипотеза е таа дека Т- клетките во млади години се многу поактивни и многубројни, отколку во стари години. Присуството на Т- клетките не ја спречува заразата, но може да ја регулира тежината на инфекцијата.

Досега најголемиот фокус беше на антителата и улогата која ја имаат во градење на имунитетот против оваа болест. Но Т-клетките не смеат и не можат да се занемарат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag