Познатата српска писателка Исидора Бјелица на 52 години почина во Белград, по неколкугодишна борба со ракот.
Писателката починала во станот на нејзините родители во Нов Белград, а последните денови ги поминала во Охрид. Таа дошла во Македонија за време на викендот, за да се одмори, јавија српските медиуми, но бидејќи состојбата ѝ се влошила, итно се вратила во Србија пред два дена.
Бјелица токму во Македонија пред неколку години извојува неколку успешни битки против ракот, но се случи ремисија на болеста.