Скоро 10.000 луѓе починале од коронавирус во старечки домови во Англија и Велс, каде се регистрирани повеќе од 39.000 жртви на пандемија до 8 мај, објави денеска британското биро за статистика. Бројките од седмичните извештаи на Заводот за статистика се многу повисоки од податоците на Министерството за здравство, кое го пријавува бројот на смртни случаи кои биле позитивни за коронавирусот секој ден, а според тие податоци од понеделник имало 34.796 смртни случаи од коронавирус, зад САД.
Бирото за статистика прецизира дека до 8 мај 9,495 луѓе починале во старечки домови во Англија, а 480 во Велс.
По наводите за занемарување на луѓето во старечки домови, владата објави дека ќе ги тестира сите до почетокот на јуни, вклучително и вработените во тие домови.
Британските законодавци денес ги критикуваа дејствијата на владата за време на пандемијата и ги оценија капацитетите за тестирање како несоодветни.