Италијанските пристаништа не можат да се сметаат за безбедни поради пандемијата на коронавирусот и нема да дозволат впловување на хуманитарни бродови со мигранти, одлучи Владата во Рим.
Италија ги затвори пристаништата за бродови на невладини организации кои превезуваат мигранти, бидејќи се верува дека овие места не можат да бидат безбедни во земја која е една од најтешко погодените од пандемијата на вирусот „Ковид-19“.
Министрите за надворешни работи, внатрешни работи и здравство на Италија потпишаа исказ со кој решението е донесено ефикасно и ќе трае до крајот на кризата со корона вирусот, јавуваат италијанските медиуми.
Во Италија, вирусот однесе повеќе од 17.000 животи, што е највисоко до сега во светот.