Израел има терапија за корона? Излечени пациенти пред умирање- која е тајната?

popara10 април, 20201min00
korona

Додека сите светски научници се во потрага по вакцина и лек за да се избориме со коронавирусот, Израел направил чекор напред. Имено, дури шест заболени лица во Израел за кои се сметало дека се лица со висок ризик за смртен исход, се излечиле со терапија која ја спровела компанијата Плуристем, јавува Israel Post.

Станува збор за прелиминарни податоци кои ги доставила именуваната компанија. Пациентите се лекувани со терапија која се базира на методи за лекување на имунолошки пореметувања, а се користени матични клетки од постелка. Пациентите во три медицински центри во Израел се лекувани по една недела, а лекот им бил даван бидејќи ништо друго не помагало во нивното лекување. Ова е експериментален лек и затоа лекарите се одлучиле да го применат на пациенти кои биле веќе во критична фаза.

Некои пациенти се одвикнуваат од респираторни машини

Сите пациенти имале тегоби поради акутно респираторно затајување и воспалителни компликации поврзани со Ковид-19. Четворица од пациентите имале затајување и на други органски системи како што се бубрежни или кардиоваскуларни затајувања. Како што наведува Ерусалим Пост, компанијата Плуристем известила дека не само што пациентите преживеале, туку кај четворица од нив се покажал и напредок во респираторните параметри, додека тројца се во напредна фаза за одвикнување од респираторна машина.

Двајца пациенти со претходни медицински состојби покажале клинички напредок со подобрено дишење. Плуристем е многу задоволен од резултатите, па порачува дека така ќе продолжи, за да може да помогне на што е можно повеќе пациенти. Што се однесува на терапијата, станува збор за PLX клетки кои можат да доведат до пресвртница на опасните прекумерни акции на имунолошкиот систем и може да се намалат кобните симптоми на воспалението на белите дробови и воопшто, воспалението на ткивото на белите дробови.

Резултатите од истражувањата сè уште не се проврливи

Во најтешката фаза од коронавирусот, наречена “цитокинска бура”, доаѓа до претерана реакција на имунолошкиот систем кај пациентот, кој го убиваат жестоките автоимуни реакции. Во оваа фаза може да помогне “имуномодулациска терапија” . Оваа израелска компанија сега сака да покрене мултинационално клиничко испитување за лечење на компликациите кои се поврзани со коронавирусот, па веќе на таа тема се водат преговори со европски и американски регулатори.

Сепак, дури со подалекусежни независни истражувања може да се провери дали и колку тие матични клетки имаат практична корист, бидејќи очигледно досега само Израел ја има таа технологија, па податоците од израелските истражувања сè уште не може да се проверат и потврдат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag