Ким Кардашијан во понеделникот ѝ го честиташе 23-тиот роденден на својата сестра Кајли Џенер со фотографија на која позира со неа, полуголи под туш, но по бројните критики што ги доби, таа го отстрани постот.
- Толку чудно, Пирс Морган, водител на шоуто „Good Morning Britain“, ја искоментира нејзината честитка на Twitter, а многу други се согласија со него, иако некои му рекоа дека е чуден. Ништо не вели повеќе среќен роденден отколку гола фотографија со сестра си, е друга реакција на Twitter.
- Замислете да фотографирате секси фотографии со вашите браќа“, е уште еден коментар, но не сите се согласија. „Што е чудно? Јас и сестра ми сме блиски и ако некој ни плати илјадници долари, ние би позиравме без двоумење, напишаа тие.
Во новата честитка до сестра ѝ Ким, објави 10 фотографии од својата сестра, со што на последното место ги стави оние што првично го избриша. Меѓу фотографиите што ги објави се неколку од нив во кои Џенер изгледа непрепознатливо.