Како ќе изгледа одењето на плажа по коронавирусот?

popara30 април, 20201min00
плажа

Многу светски плажи се затворени за јавностa заради коронавирусот. Многумина стравуваат дека оваа година нема да може да се ужива во морето на традиционалниот начин. Не само заради потенцијална зараза, туку и заради стравот кај луѓето од собирање на релативно мал и тесен простор.

Токму затоа, италијанската компанија Nuova Neon Group 2 претставила своевидно решение во вид на кабини од плексиглас кои би можеле да се постават на одредени плажи и на тој начин да се загарантира растојанието од другите капачи.

Кабините би биле високи околу два метри, а широки околу пет метри, што е доволно простор да се постават две лежалки и чадор.

Компанијата изјавила дека веќе добиваат нарачки од италијанските плажи за изградба на заштитни огради кои ќе ги оддалечуваат луѓето и ќе го спречат потенцијалното ширење на болеста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma