Прилогот што ќе го видите ни дава мрачна слика за она што реално се случува о Њујорк. Квинс како најзаразена област од Њујорк наликува на некое предградие од филмовите што сме ги гледале а се поврзани со катаклизма.
Ќе го видите и островот во Бронкс , каде што се закопуваат мртвите без присуство на најблиските. Луѓето умираат сами, без своите најблиски кои не смеат ни да ги испратат до вечните почивалишта-нагласуваат еден доктор и медицински брат во ова видео.
Го изгубив својот татко минатата недела. Почина од корона, многу ми е жал, но сепак продолжувам да им помагам на засегнатите од корона вирусот, кажува гаѓанка на Њујорк во прилогот.
За крај ќе ја видите и солидарноста која е на највисоко ниво во Њујорк, но сосема недоволна за да ги излечи сите рани на тие 10.000 до сега починати од Корона вирусот само во Њујорк.