Неговата архитектура со години ги привлекува туристите
Дали некогаш сте сонувале да бидете сами во прекрасен замок со саканата личност?
Во мноштвото необични хотели, се издвојува еден што навистина потсетува на замок од минати времиња, а тој е дизајниран да прими ограничен број гости, така што од хотелот велат дека никогаш нема да сретнете други гости.
Иако според неговата архитектура никогаш не би се кажало дека датира од релативно неодамнешен период, овој луксузен хотел-замок, сместен во Аделејд, Австралија, бил изграден дури во 1984 година.
Оттогаш, неговиот импресивен изглед и услуга привлекува гости од целиот свет.
Затоа овој имот стана еден од „зафрлените“ симболи на овој австралиски град.
Хармонијата и мирот, во комбинација со врвната уметност е она што го разликува овој необичен хотел.
Направете виртуелна тура низ овој луксузен замок: