Руската пливачка Јулија Јефимова стана хит на социјалните медиуми откако објави дека се подготвува за натпревари и покрај тоа што е во карантин од епидемијата на коронавирус. Јефимова е четирикратен светски шампион и двократен олимписки шампион, а заради коронавирусот нема пристап до базенот – реши да симулира пливање во суво.