КАКО ВО ГОЛЕМИОТ БРАТ: Две компании развиваат систем за следење на 3 милијарди луѓе, и еве зошто!

12 април, 20200
2082637_insta-mobilni-telefon-foto-jun-2019_ls

„Apple“ и „Google“ заеднички развиваат технологија што ќе ни овозможи да бидеме известени доколку неодамна сме биле во контакт со позитивно лице на корона вирус. Технологијата би можела да се искористи за да се следат контактите на повеќе од три милијарди луѓе кои сега ги користат оперативните системи на двете компании на нивните телефони.

Откако се појави новиот вирус, и владите и продавачите на технологија размислуваа за системи што ќе им овозможат на мобилните телефони да следат каде се движат луѓето и со кого контактираат.

Во некои земји, овие системи веќе се имплементирани. Таканаречените апликации за следење контакти им помагаат на службените лица во јавното здравство да го спречат ширењето на вирусот, што на крајот би ја намалило потребата за физичко растојание.

„Apple“ и „Google“ планираат првично да дозволат апликациите од трети страни да работат непречено на нивните оперативни системи (iOS и Android).

Во втората фаза, тие ќе создадат технологија што ќе биде вградена во самите оперативни системи и нема да треба да бидат инсталирани одделно.

Бидејќи оперативните системи на овие компании, како што пренесува Блумберг, моментално ги користат околу три милијарди луѓе на планетата, може да се следи повеќе од една третина од светската популација.

Како ќе функционира технологијата за следење контакти!

Нивната технологија ќе работи со тоа што прво ќе побараат согласност на корисникот да ја користи.

Ако две лица се сретнат на ризично растојание, нивните телефони автоматски разменуваат шифри. Доколку некое од овие лица подоцна внесе во апликацијата дека има Ковид-19, сите што биле во контакт со неа добиваат известување.

Апликацијата нема да зачувува локација и лични информации, според овуе две компании.

Како да се заштити приватноста!

Од друга страна, овие системи неизбежно водат кон кршење на приватноста. Ако тие паднат во погрешни раце, податоците за нас може лесно да се откријат.

Како што се појавуваат вакви системи, екипи на криптографски експерти се обидуваат да го направат навидум невозможното – да развијат бесконтактен систем за мониторинг за да ја заштитат приватноста на заразените, но и да ги известат оние околу него дека е заразен.

Од двете компании велат: „Ние јавно ќе ги објавиме сите информации за работењето на апликацијата на секој што сака да ја анализира“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi