Јелена цела вечер не ја тргна насмевката од лицето, иако, судејќи според фотографиите и видеата, нејзиниот сопруг Душко Тошиќ (34) не и правеше друштвото.
Пејачката Јелена Карлеуша во понеделникот го прослави 42-от роденден во Белград со пријателите и семејството. Исто како што се очекуваше, таа направи гламурозна прослава на која ќе и завидуваат некои од светските лица.
Бројни колеги дојдоа на прославата, меѓу кои и Наташа Беквалац и Дара Бубамара. Оваа година, Карлеуша реши да ја „пресели“ забавата во нејзината луксузна вила, а многу гости се собраа околу големиот базен.
Диџејот пуштал музика до раните утрински часови, а во еден момент забавата излегла надвор од контрола. Карлеуша се фрлила во базенот, а многу пријатели со ентузијазам ја снимаа како лебди.