Kennedy Space Center под опсада! Корона влезе и во свемирскиот центар.

popara2 април, 20201min00
nasa

Вработен во вселенскиот центар Кенеди беше тестиран за постоењето на Ковид-19 при што неговиот тест беше позитивен. Центарот веднаш презема брза, масовна, но и скапа акција за санирање и дезинфицирање на целиот комплекс.

Според Федералната документација, околу 191.000 американски долари се платени единствено за данок кон компании кои што вршеа дезинфекција на вселенскиот центар Стенис во Мисисипи. Вселенскиот центар Стенис во Мисисипи е најголемиот центар за тестирање на ракетни мотори на НАСА и само една од компаниите кои што вршеле дезинфекција на центарот наплатила вкупно 145.000 американски долари за нејзината услуга.

Можеме само да претпоставуваме колку ќе чини дезинфекцијата на познатиот вселенски центар Кенеди, но секако најважно е да се внимава и да се чува здравјето на врботените, како и да не се дозволи понатамошно ширење на вирусот.

Сепак, и покрај тоа што заштитата и дезинфекцијата од Ковид-19 вирусот треба и се применува кај сите компании, светските медиуми забележуваат дека кога е во прашање дезинфекцијата на центрите на НАСА тој процес е прилично скап.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma