КАЈЛИ Џенер го слави својот 23ти роденден, а Инстаграм е полн со честитки до најмладата светска милијардерка. На честитарите им се придружи и нејзината постара сестра Ким Кардашијан која објави неколку фотографии со нејзината сестра. Како што се очекуваше, фотографиите од детството и раната младост ги вознемирија обожавателите, бидејќи Кајли изгледа сосема поинаку од денес.
Кајли била неколку пати кај пластичен хирург, пред да стане полнолетна, а хејтерите со години пишуваат дека воопшто не изгледа како иста личност.
Тие дури не ја поштедија ни на фотографиите со кои Ким и посака среќен роденден.
„Која е оваа девојка на првите фотографии“, се вели во коментарот што доби повеќе од илјада лајкови.