КИМ МУ ПОРАЧА НА СЕУЛ: Скапо ќе платите за сите злодела! ВИДЕО

16 јуни, 20200
kim jong

Официјалната севернокорејска новинска агенција KCNA јавила дека уништувањето на канцеларијата е одговор на, како што е наведено, “олошот” кој треба “скапо да плати за своите злосторства”, што очигледно се однесува на активистите од Јужна Кореја кои праќаат летоци со пропаганда на Север.

KCNA не објаснува детално како е уништена канцеларијата, но навела дека канцеларијата е “трагично уништена со сјајна експлозија”.

До експлозијата дошло три дена откако сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун предупредила дека Северна Кореја ќе ја сруши “бескорисната” канцеларија за комуникации.

Претходно Пјонгјанг ја прекинал секоја комуникација со Сеул, вклучувајќи ја и “жешката линија за врска меѓу лидерите на двете нации”, како и воените канали за комуникација.

Северна Кореја денес предупреди дека е подготвена да испрати војска во демилитаризираната зона која ги разделува двете Кореи. Овие потези се одговор на Пјонгјанг заради делењето на летоци од Јужна во Северна Кореја.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае- ин за денеска свикал итен состанок со највисоките безбедносни претставници, по што е соопштено дека Јужна Кореја силно ќе одговори на било каква провокативна воена акција од страна на Северна Кореја.

Министерството за одбрана навело дека јужнокорејската војска внимателно и деноноќно ги следи чекорите на севернокорејската војска и дека дава сè од себе за да спречи ескалирање на моменталната ситуација во воена криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *