Кинеска лабораторија развива лек против корона вирусот: Ќе биде подготвена пред можниот втор бран!

popara20 мај, 20201min00
ковид

Кинеска лабораторија развива лек за кој се верува дека може да го запре корона вирусот и дека ќе биде подготвен за масовно производство подоцна оваа година.

Лекот, кој се развива врз основа на антитела и се развива на престижниот универзитет во Пекинг, го скратува времето на закрепнување за пациенти со COVID-19. Исто така, создава краткорочен имунитет на вирусот, тврдат истражувачите.

Санеј Кси, директор на Универзитетскиот иновативен центар за геномика, вели дека лекот се покажал ефикасен кај животните.Тој вели дека количината на вирус кај заразените глувци значително се намалила откако во нив биле внесени неутрализирачки антитела.

Лекот користи неутрализирачки антитела произведени од човечкиот имунолошки систем за да спречи вирусот да влегува во клетките. Антителата биле изолирани од крвта на 60 излечени пациенти.

Лекот ќе пристигне пред можниот втор бран на пандемијата.

Написот за истражувањето е објавен во научното списание Cell.

Кси посочува дека заедно со неговиот тим барале антитела „ден и ноќ“, и додаде дека лекот треба да биде подготвен за употреба подоцна оваа година, за време на можен втор бран на пандемијата.

„Планирани се клинички испитувања“, рече тој, додавајќи дека ќе се спроведат во Австралија и во други земји, бидејќи бројот на заболени во Кина брзо се намалил.

„Се надеваме дека неутрализирачките антитела ќе станат специјализиран лек што ќе ја запре пандемијата“, рече тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag