Која е поентата на овој мост? Бескорисен мост кој не води никаде!

14 јули, 20200
most

Ако се најдете некогаш во шкотското село Бил и гледате кон водата, би можеле да видите мост што не води до ништо. И да, сигурно ќе се запрашате: која е целта да се изгради ваков мост?

Мостот Белхавен се наоѓа на реката Бил ,која тече низ селото со исто име близу Данбар во Шкотска. Реката е всушност долга околу 4,5 километри, и тече од Лугат Берна до заливот Белхавен и се влева во Северното Море.

За време на високите нивоа на вода, мостот изгледа целосно бескорисен и е опкружен со вода од сите страни. Но, за време на ниското ниво на вода е можно да се оди до него и да се премине на другата страна, каде се наоѓа една од најсончевите плажи во Шкотска.

Не треба да се спомене фактот дека мостот е најфотографиран кога е најбескорисен и дека е огромна туристичка атракција што повеќето заинтересирани ја посетуваат во тој дел од годината.

Овој мост е исто така голем предизвик за фотографите кои сакаат да го фотографираат од најдобар можен агол, особено на зајдисонце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi