Иако повеќе од 23 милиони луѓе се заразени со коронавирусот, сериозноста на болеста варира од личност до личност. Во некои случаи вирусот не предизвиува никакви симптоми, додека кај некои предизвикува комликации кои го загрозуваат животот.
Д-р. Шена Круикшанк, професорка на биомедицинскиот факултет, на универзитетот во Манчестер, окрила нус појави, поради кои постои поголема веројатност животот да ви биде загрозен.
„Иако многу актори влијаат на развојот на болести кај луѓето, вклучително и грижата за здравјето, изложувањето во загадена околина, станува јасно дека клучен фактор претставува имунолошкиот систем, а тоа објаснува зошто некои луѓе имаат сериозни заболувања” напиша докторката Круикшанк во статија за „The Conversation”.
Феноменот „Цитокинска бура”
Многу пациенти кои добиваат тежок облик на Ковид-19 доживуваат оштетувања на белите дробови како резултат на претерано силен имунолошки одговор, во кој имунолшкиот систем произведува големи количини на цитокин.
„Цитокинот може да биде моќна алатка на имунолошкиот систем. На пример ја сопира репродукцијата на вирусот. Меѓутоа, претераното присуство на цитокин причинува голема штета на крвните садови, а тоа преставува феноменот цитокинска бура”, објаснува Круикшанк.
Најризични се возрасните и луѓето со дијабетис
Студиите покажале дека луѓето со дијабетис поради зголемено присуство на глукоза во телото се по склони кон создавање на феноменот Цитокинска бура. Сличен феномен се јавува и кај возрасните луѓе наречен хронично воспалување поради стареење.
„Воспалувањето е проследено со висок број на цитокин. На тоа влијаат многу фактори, како генетика, микробиоми (бактерии, вируси и други микроби кои живеат во нас и на нас) и телесната тежина”, пишува професорката.
Многу повозрасни луѓе имаат намален број на лимфоцити, кои можат специфично да ги уништуваат вирусите.
„Сето тоа значи дека кај некои повозрасни луѓе нивниот имунолошки систем, не само што е лошо подготвен за борба против инфекции, туку има и поголема веројатност да ги донесе до негативен имунолошки одговор” заклучила Круикшанк.
Професорката истакнува како се надева дека подетално истражување на имунолошкиот одговор на коронавирусот би помогнал за попрецизен третман за пациентите.
„Колку повеќе ги разбереме овие разлики и слабости, имаме повеќе опции да го утврди третманот за пациентот. Ваквите податоци ни ја нагласуваат и потребата за погоеми истражувања со кои полесно ќе се утврдат имунолошките функции и лековите за ковид-19”, заклучува докторката.