Конечно одговор на прашањето кој е попаметен: Науката си го кажа своето!
Дебатата за интелигенцијата на кучињата и мачките сè уште трае, поради што научниците сега одлучија конечно да го откријат одговорот, пишува Mirror.
Сузана Херкулано-Хузел, познат научник од универзитетот Вандербилт, смета дека кучињата се побистри, а нејзиното мислење се совпаѓа со статистичките податоци.
Кучињата имаат околу 530 милиони неврони, а мачките само 250.
„Верувам дека апсолутниот број на неврони кај животно, особено во церебралниот кортекс, одлучува за богатството на нивната внатрешна ментална состојба и нивната способност да предвидат што ќе се случи во околината засновано врз претходното искуство“, објасни Сузана, додавајќи дека кучињата имаат поголема контрола и моќ на мозокот.
Интересен факт е дека кучињата имаат најмногу неврони меѓу месојадците, дури и поголем број од кафеавите мечки кои имаат поголем мозок.
„Јас сум личност која претпочита кучиња. Но, и покрај тоа, нашето откритие значи дека кучињата имаат биолошка способност да прават многу посложени и пофлексибилни работи во нивните животи отколку мачките“.