После 4 години Анџелина Џоли ја откри причината поради која се разведе од Бред Пит!
Во септември 2016 година, јавноста беше, благо речено, шокирана кога медиумите ширум светот беа преплавени со насловите за разделбата на Анџелина Џоли и Бред Пит. Дотогаш, еден од најубавите холивудски парови се чинеше дека нема никакви проблеми во нивната врска. Иако веќе четири години молчи на оваа тема, актерката сега конечно разјасни некои работи.
45-годишната холивудска актерка и една од најубавите жени во светот, Анџелина во интервјуто што го даде за магазинот „Vogue“, се реши да проговори за нејзиниот развод од холивудскиот заводник Бред Пит. Како што тврди, таа се грижела само за благосостојбата на нивните шест деца.
- Се разделив за доброто на моето семејство. Тоа беше вистинската одлука и јас продолжувам да се фокусирам на нив. Некои решија да ја искористат моето молчење, а децата ги гледаат и читаат лагите што се пишуваат за нив во медиумите. Но, се обидувам постојано да ги потсетувам дека само тие ја знаат правата вистина, признала Анџелина Џоли и ги опиша своите деца како „шест многу храбри и силни млади луѓе “.
Пред да се породи со својата биолошка ќерка Шајло пред 12 години, а потоа и близнаците Нокс и Вивиен една година подоцна, Анџелина Џоли научила сè за мајчинството преку посвојување на три постари деца – Маддокс (18), Пакс (16) и Захара (15). ) Како што рече таа, зборовите „посвојување“ и „сираче“ во нивниот дом имаат сосема друго значење и се позитивни зборови.
- Не можам да зборувам за бременост со моите посвоени деца, но затоа можам да зборувам за деталите и љубовта и за сè што поминавме заедно. Можеме да зборуваме за целото патешествие за да ги пронајдеме и како изгледаше за прв пат кога ги погледнеме во очи.