Откако Мик Џегер и Пол Меккартни се пресметаа чиј бенд е подобар, се огласи и помладата генерација на британски музичари. Се работи за членовите на бендовите Oasis и Blur, а Ноел Галагер открил зошто овие два бенда се во долгогодишна кавга.
Пејачот на групата Blur, Дејмон Албар спиел до девојката која во тој момент била во врска со Лијам Галагер од Oasis, што резултирало со јавна кавга, истакнал Ноел. Тврди дека и меѓудругото, причина била и дрогата.
“Лијам и Дејмон седеа на исто столче во тоа време, а имаше и многу кокаин. Оттука тргна целата кавга.”, изјавил Ноел. Очигледно една девојка била доволна причина за разединување на целата сцена во моментот на најголема популарност на бендовите.
Иако никој не го кажал името на девојката заради која избила кавгата, обожавателите претпоставуваат дека се работи за Лиса Муриш, поранешната девојка на Лијам. Уште во тоа време кружеле гласини дека Лиса го изневерува Лијам со Дејмон. Парот ја има ќерката Моли (22).