Короната е предвидена уште пред 8 години?

popara8 април, 20201min00
korona

Дали Германската влада ја прогнозираше појавата на Коронавирусот уште пред 8 години?

Еден службен документ е поводот за овие шпекулации кои се шират во многу земји во светот.

Седум милиони мртви во 3 години, недостаток од храна и преоптеретен здравствен систем кој нема да може да ги згрижи сите пациенти, па многу поради тоа и  ќе умрат.

Тоа е сценариото од “Анализа на ризикот за заштита на населението” на германската влада од 2012 година во која се разработуваат и мерат последиците на две можни природни катастрофи: поплава и пандемија. Дел од анализата со наслов “Пандемија вирус Мод-САРС” е изработен од угледен германски институт “Роберт Кох” во соработка со надлежните државни служби. Во него се разработува сценарио со појава на нова врста САРС во југоисточна Азија и тоа преку диви животни кои се продаваат на тамошните пазари. Наводно тој вирус, теоретски би можел да стигне до Европа во февруари, така што во тој случај во Германија врвот на епидемијата би бил во април. После тоа, според таа прогноза, би било потребно барем 3 години да се излезе од кризата.

Нели е тоа навистина чудна коинциденција? Дали германската влада знаела дека ќе се појави Коронавирусот, и ако да, што се крие позади тоа?

Ништо. Имено, таквите сценарија ги прават стручњаци врз основа на некои реални можности (пандемија, поплава, суша) за да може државата да биде подготвена на можната кризна ситуација. Освен тоа, овој документ не е никаков “таен план” туку е извештај од Канцеларијата за цивилна заштита и помош при катастрофи, кој е достапен за сите.

Иако сценариото многу се поклапа со моменталната состојба и има неутрализација. Хипотетички, во сценариото стручњаците тргнуваат од тоа дека новиот вирус подеднакво опасно ќе ги загрози сите старосни групи, не само најстарите и хронично заболените, а поаѓаат и од смртност 10%, што за среќа не се оствари.

Стравот како причина за верување во лажни вести

Германскиот пулмолог и поранешен парламентарен застапник на Социјалдемократската страна, Волфганг Водраг го изрази своето чудење поради размерите на досегашните мерки.

Неговото тврдење во јавноста е дека ова не е нов вирус, на неговото видео на Youtube кое има преку стотина илјади прегледи, произнесува различни тези, меѓу кои и онаа дека позади појавата на овој вирус стојат финансиски и политички интереси.

Стручњакот за теории на заговор Џулија Силбербергер во изјава за германска новинарска агенција DPA ги повикува медиумите да престанат да шират теории на заговор. Таа нагласува дека моменталната ситуација кај многу луѓе предизвикува несигурност и страв и додава: Баш ради тоа многу луѓе се склони кон верување во лажни вести и наводни стручњаци кои сакаат да ги уверат дека вирусот е настанат во лабараторија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag