Короната СО ГОДИНИ се криела низ целиот свет, ја разбудил некаков АКТИВАТОР: Шокантна теорија на професорот во Оксфорд

popara7 јули, 20201min00
KORONA SVER

Ковид-19 можеби бил присутен ширум светот уште пред да биде „разбуден“ од активирањето на животната средина, смета истакнатиот експерт од Универзитетот во Оксфорд, пишува „Daily Mail“.

Професорот Том Џеферсон, наместо општо прифатениот заклучок за кинеското потекло на вирусот, се залага за различна теорија базирана на откривање на вирусни честички во други делови на светот, кои се постари од првото жариште во Вухан.

Имено, тој верува дека короната се шири низ канализацијата, и дека таа дури се пренесувала во заеднички тоалети.

Оваа можност е поддржана со минатонеделното откритие на шпанските виролози кои пронајдоа траги од инфекција во примероците на отпадни води од март 2019 година, една година пред пандемијата да ја погоди Европа.

Експертите претпоставуваат дека во тоа време никој не барал нов вирус, бидејќи тој веќе бил во сезоната на грип, па затоа не бил откриен. Сепак, во научните кругови, оваа хипотеза го поставува прашањето, како е можно таков заразен патоген да не се раширил меѓу луѓето.

Честички од овој злобен вирус беа пронајдени не само во Шпанија, туку и во Италија, од декември минатата година, и Бразил, од ноември 2019 година.

Научниците сè уште се збунети околу тоа како КОВИД-19 им се пренесува на луѓето, па се појави теоријата дека можеби е присутен кај животните со децении, пред да се прилагоди.

Оваа теорија ја застапува директорот на британската хуманитарна здравствена организација „Wellcome“, Сер Џереми Фарар, кој тврди дека короната воопшто не е нов вирус.

  • Можеби циркулираше меѓу животните во Кина и другите делови на Азија со години, ако не и со децении, рече експертот, додавајќи дека ова досега не е забележано затоа што веројатно предизвикувал многу благи симптоми, или воопшто немал.

Во прилог на својата теза, професорот Џеферсон исто така претставува чуден факт за пандемијата на шпанскиот грип од 1918 година. Во тоа време, 30% од населението во Западна Самоа почина, иако немале комуникација со надворешниот свет.

  • Единствено објаснување за ова е дека ваквите патогени не одат никаде, туку секогаш се присутни, смета професорот.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag