Коронавирус: Тестовите од тигарот во зоолошката градина Бронкс позитивни за „Ковид-19“!

popara6 април, 20203min00
Zabolen tigar od korona

Четиригодишна женка во зоолошката градина Бронкс, била позитивна, откако била тестирана за Ковид 19.

Тигарот, по име Надија, се верува дека е првиот познат случај на животно заразено со „Ковид-19“ во САД.

Зоолошката градина Бронкс, во Nујорк, потврдува дека резултатот од тестот е потврден од страна на Националната лабораторија за ветеринарни услуги во Ајова.

Надија, заедно со уште шест големи мачки, се смета дека е заразена од асимптоматски чувар на зоолошката градина.

„Мачките“ почнале да покажуваат симптоми, вклучително и сува кашлица, кон крајот на минатиот месец по изложеноста на чуварот, кој/а не е идентификуван/а.

„Ова е прв пат случај во светот човек да зарази животното и животното да се разболе“, изјави Пол Кале, главниот ветеринар во зоолошката градина, за новинската агенција Ројтерс во неделата.

Постојат изолирани случаи на тестирање на домашни миленици како позитивни за коронавирусот на друго место во светот, но експертите истакнаа дека нема докази дека можат да се разболат или да ја шират болеста.

Г-дин Кале рече дека има намера да ги сподели наодите со други зоолошки градини и институции кои го истражуваат овој случај на „Ковид-19“.

„Ние ја тестиравме Надија поради претпазливост и ќе го објавиме секое знаење што ќе го добиеме за  Ковид-19, што сметаме дека ќе придонесе за континуираното разбирање на светот за овој коронавирус“, се вели во изјавата на зоолошката градина.

Надија, нејзината сестра Азул, како и уште два тигри и тројца африкански лавови кои покажаа симптоми, се очекува целосно да закрепнат, соопшти зоолошката градина.

Големите мачки имаат одредено намалување на апетитот, но „инаку добро се однесуваат под ветеринарна нега и се ведри, будни и интерактивни со своите чувари“, се вели во извештајот.

Зоолошката градина соопшти дека не е познато како ќе се развива вирусот кај животни како тигри и лавови бидејќи разни видови можат различно да реагираат на нови инфекции, но сите животни ќе бидат внимателно следени.

Ниту една друга голема мачка во зоолошката градина – четири други тигри, снежни леопарди, гепарди, облак леопард, амур леопард, пума и уште неколку – не покажуваат никакви знаци на болест.

„Нашите мачки биле заразени од лице што се грижи за нив кое било асимптоматски заразено со вирусот или пред тоа лице да развие симптоми“, велат од зоолошката градина.

Сите тигри што покажуваат симптоми биле сместени во областа на „планината Тигар“ од зоолошката градина.

Сите четири зоолошки градини водени од здружението за зачувување на животинскиот свет во Nујорк, вклучувајќи ја и зоолошката градина Бронкс, се затворени за јавноста од 16 март. Сега ќе бидат воведени нови мерки за заштита на животните.

Што знаеме за животните и вирусот?

Коронавирусот (наречен Сарс-CoV-2, кој предизвикува болест Ковид-19) се смета дека потекнува од животински свет и му се пренесува на човекот преку жив пазар на животни во Вухан.

Пандемијата е водена од пренесување од човек на човек, но инфекцијата на Надија покренува нови прашања во врска со пренесувањето од човек на животно.

Постојат и некои извештаи за животни тестирани и позитивни за коронавирус, вклучувајќи и две кучиња во Хонг Конг.

„Нема докази дека некое лице е заразено со Ковид-19 во САД од животни, вклучително и од миленичиња кучиња или мачки“, се вели во изјавата на зоолошката градина.

Ова е исто така гледиштето на Светската организација за здравјето на животните и Светската здравствена организација (СЗО), која вели дека нема докази дека кучињата миленичиња или мачки можат да пренесат коронавирус.

Светската организација за здравје на животните вели дека се во тек студии за повеќе да се разбере ова прашање и ги советува сите што се разболеле да го ограничат контактот со домашните миленици. (бидејки како што читаме погоре, тигарот бил разболен од човек)

Експертите предупредуваат дека вирусот може да претставува закана за некои диви животни, како големите мајмуни – и рекоа дека се потребни мерки за да се намали ризикот на дивите горили, шимпанза и орангутани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag