Кралицата на бурлеската ја отвори вратата на нејзиниот дом: живописни бои, препарирани животни, огледало во спалната соба!

popara12 април, 20201min00
Дита Вон Тис

Дита Вон Тиз ја отвори вратата на нејзиниот уникатен дом, сместен во луксузна област во Лос Анџелес, за реномирано списание.

Кралицата на Бурлеската прикажа луксузни парчиња мебел, претежно антиквитети кои со години страсно ги собирала, препарирани животни, луксузни материјали и дизајни што ги купила исклучиво во Париз.

Гардеробата на бринетата остави многумина без зборови. Редови и редови на дизајнерски чевли направени токму за неа, неверојатна колекција на капи, сето тоа направено во стил 20-тите и 30-тите години што Дита го обожава.

За куќата во која живее последниве пет години, таа вели дека се чувствува баш како да датира од нејзините омилени епохи.

Единствената просторија што е сосема различна од остатокот на куќата е спалната соба. Просторијата е во една боја и тоа сребрена боја, за која вели дека не е необична за неа, затоа што сака да си игра со дезени и бои, но смета дека просторијата во која спие треба да има малку помирен тон.

Луксузен мебел, можеби не по сечиј вкус, деталите што привлекуваат внимание се само некои од карактеристиките на овој навистина необичен дом во Лос Анџелес.

Дита го покажа и својот двор, кој во моментот сè уште не беше подготвен за летните денови, како и куќичка покрај базенот, која се претвара во бар … Можеме само да замислиме какви забави се прават во оваа куќа организирани од кралицата на Бурлеската.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag