Крштевка со КРВ: Синови од Хималаите, најопасните специјалци во светот! (Видео)

popara3 јуни, 20202min00
vojnici

Со просечна висина од 160 сантиметри, секој наивeн ќе помисли дека Гурка е војник, кој лесно може да се совлада. Но, секој што ја запознал оваа трупа која се води под мотото “подобро да умрам отколку да бидам кукавица”, знае дека нивната висина не значи апсолутно ништо.

Гурки, кои исто така се наречени и британски доброволци, но и синови на Хималаите, како воена единица имаат заштитен знак – кукри нож.  Тие се регрутирани на падините на Хималаите, а според сите воени експерти, тие се една од најдобрите пешадии во светот, кое своето име го земала од првобитната владејачката династија на Непал.

Тие се бореа со Британците кои ја колонизираа Индија во 1813 и 1816 година и им нанесоа големи загуби, па дури тогаш добија признание од нивните противници. Откако Британците конечно ја освоија Индија, Гурките биле прифатени во нивните редови и формирале три тактички воени единици, па како такви учествувале во Првата и Втората светска војна, борбите во Европа, но и во Северна Африка, џунглите на Малезија и Бурма, Сицилија.

По крајот на британската власт во Индија во 1974-та година, шесте преостанати полкови на Гурки и припаднале на Индија, а четири и припаднале на Велика Британија. Посебен успех Гурките оствариле на Фолкландските острови и според усни преданија во војната во која учествувале Гурките немало заробеници, а иако не е потврдено, постојат и приказни за наводен канибализам над нивните противници. Гурките се борат и денес, во разни делови од светот, како Ирак и Авганистан.

Речиси 28.000 кандидати секоја година меѓусебно се натпреваруваат за едно од 200те места кои ги имаат Гурките во редот на  Британската војска. За воопшто да се дојде до статус на кандидат, мажите мора да бидат примени од одредите за регрутација кои се одвиваат во Непал, а за секој кандидат кој доаѓа и ги минува квалификациите и обуката, регрутите добиваат награда. Кандидатот мора да има најмалку 17 години, а тестирањето вклучува трчање точно 5 километри по подножјето на Хималаите, носејќи 25 килограми камења во ранец на грбот – за помалку од 55 минути.

Откако еднаш ќе го извлечат својот кукри нож, закривената острица според традицијата мора да почувствува крв, па ако со неа не повредат непријател, Гурките се сечат сами. Неодамнешен пример за почест кој го добиле Гурките е наградата за храброст на наредникот Дипрасад Пуну, кој бил сам на стража, на контролна точка во Авганистан во 2010-та година и одбранил напад од 30 талибански војници.

“Околу мене имаше група Талибани, па бев уверен дека ќе ме убијат. Пред тоа да се случи, бев одлучен да убијам барем некој од нив”, изјавил Пуну, кој во текот на 15-минутната борба испукал повеќе од 400 куршуми, детонирал 17 гранати и мини. Во тој напад воопшто не бил ни ранет.

Откако ќе стапат во редовите на британската војска, Гурките три месеци од својот три годишен воен рок го минуваат во Непал. Во својата служба мора да достигнат чин на командири, повеќето се подофицери во Гурка единиците. Ако за 15 години Гурка војникот не добие чин наредник, тој самиот поради чест се повлекува од службата. Поради нивната воинственост и чест, во главно се ангажираат за најтешките задачи ширум светот, а делуваат и во рамките на НАТО.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag