ЛОША ВЕСТ ПРИСТИГА ОД АМЕРИКА: Вакцината против Ковид-19 нема да делува кај луѓето со вишок килограми?!

popara28 август, 20201min0
vakcina a

Луѓето со вишок килограми имаат ризик од сериозни компликации предизвикани од ковид-19

Луѓето со вишок килограми се подложни на голем број здравствени проблеми, но исто така имаат и 74 проценти поголеми шанси да завршат на интензивна нега заради корона вирусот.

Дебелината го удвојува ризикот од сериозни компликации предизвикани од ковид-19, откриле научниците, а луѓето со прекумерна телесна тежина може да имаат и други проблеми. Имено, една голема студија на Универзитетот во Северна Каролина покажа дека вакцината против корона нема да функционира воопшто кај дебелите луѓе или дека ќе има слаб ефект.

Тимот на Универзитетот во Северна Каролина внимателно ги разгледа податоците од 75 студии низ целиот свет, во кои беа вклучени повеќе од 400.000 пациенти. Откриено е дека дебелите луѓе се со поголема веројатност од 113 проценти да завршат во болницата доколку се заразат со корона вирус, а со поголема веројатност е 74 проценти дека ќе завршат на интензивна нега заради инфекцијата. Смртноста е за 48 проценти поголема за таквите луѓе. Новото истражување ги поддржува веќе постоечките студии спроведени од научници од Велика Британија.

Професорот Бери Хопкин, кој го водеше истражувањето, рече дека ризикот од заболување кај дебелите луѓе е „поголем од очекуваното“. Тој е особено загрижен за можната неефективност на вакцината кај дебелите луѓе. Како што се наведува, ова е забележано кај вакцината против грип и многу е веројатно дека истата или слична реакција ќе има и со вакцината за корона.

„Истражувачите треба да посветат повеќе внимание на тоа како вакцината ќе влијае кај дебели луѓе“, рече Хопкин.

Веста делумно ја засени уште една лоша вест, објавена од Обединетите нации, според која пандемијата на коронавирус ја зголеми сиромаштијата во светот.

Жанин Хенис-Плашерт, претставник на ООН во Ирак, рече дека пандемијата само во таа земја довела до 10 процентно зголемување на сиромаштијата, како и напуштање на повеќе од 11 милиони студенти и довело до двојно повеќе пријавени случаи на родово насилство. заради намалени можности жртвите да побараат помош.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag