Луди забави, алкохол и дрога: Kако живее денес Кејт Мос?

popara12 јуни, 20201min00
kate moss

Една од најпознатите светски девојки за забави, Кејт Мос, се смири и секој ден оди во кревет во 11 часот. Потребни и се осум часа спиење, бидејќи во спротивно не може да функционира. Овој легендарен модел живееше бурен и скандалозен живот, а сега, како што вели за себе, конечно се смири.

Кејт Мос (46), светски позната манекенка, која беше дел од генерацијата на златни модели од 90-тите години, ја отвори душата на “Еl” и откри како лудите забави и таковиот начин на живот се веќе зад неа. Кејт веќе две години е потполно трезна, а во најлудата фаза беше наречена „Тенк“, поради нејзината голема способност да пие алкохолни пијалоци.

„Морам да бидам во кревет во 11 часот, вклучувам Нетфликс и брзо заспивам“, изјави Кејт за Ел. Поранешната манекенка објаснува како таа само што завршила гледајќи ја серијата „Сексуално образование“. „Се будам во 8 часот наутро, но ако не спијам точно осум часа,  ужасна сум за време на попладнето“, открил Мос.

Новиот порок на Кејт е дневната доза на јога со која го започнува денот, има и велосипед, но не го користи често. Нејзините долгогодишни пријатели и деловни соработници ја потврдија оваа приказна и објаснија дека сега тие многу подобро се забавуваат од порано, кога нивната главна рутина беше алкохол и дрогa.

 Таа исто така објасни како се појави прекарот „Тенк“, моделот посегнувала по алкохол веднаш штом се разбудела, па потоа за ручек повторно и така низ целиот ден.

Во моментов е среќна и смета дека “лудиот” животен стил е „завршена приказна“ за неа,  за самата себе  но и за нејзината ќерка Лили (17), која ја доби од врската со Џеферсон Хак, кои и помогнаа многу да дојде на патот на којшто е сега.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag