Епидемиологот др. Предраг Кон открил што мисли за препораката на СЗО која вели дека мајките, иако се заразени со Ковид-19 можат слободно да ги дојат своите бебиња, бидејќи вирусот не се пренесува преку мајчиното млеко.
– Нема доволно докази за тоа. Најверојатно препораката е дадена бидејќи е тешко на таков начин да дојде до заразување. За да не го зарази мајката бебето додека го дои, таа мора да води сметка дека начинот на кој се пренесува вирусот е по респираторен пат и треба да го заштити детето да не биде изложено на можноста да се зарази по капков пат. Таа мора да молчи додека дои, да ја покрие устата, да стави евентуално двојна маска за да биде сигурна и тоа е тоа- истакнал тој.
Др. Кон истакнал дека и мајките кои имаат грип исто така можат слободно да дојат.
– Може да има температура 39 и може да дои, но мора да стави маска. Тоа е често кај респираторните инфекции. Истото важи и за варичелата, овчата сипаница. Мора да ги покрие сите ранички и да го заштити респираторниот пат за време на доењето за да го заштити детето од зараза.