Неверојатен инцидент се случил на плажата Бланкенберг во Белгија, позната по тоа што на неа доаѓаат претежно семејства со деца.
За време на викендот, ја посетиле околу 50 пијани момци, кои направиле хаос.
Откако една од посмирените посетители на плажата повикала полицијата за да ги смири, работите се влошиле. Моците штом ја виделе полицијата, буквално полуделе од бес.
Следела расправија со полицајците, а потоа пијаните момци почнале да гаѓаат со чадори за сонце и полни лименки пиво. Полицијата повикала на поддршка, а во рок од петнаесет минути сè се смири со апсењето на “дивјаците”.
За поголемиот дел од нив се покажало дека имаат дебели полициски досиеја.
„Бевме повредени од сето ова најмногу поради малите деца кои плачеа од стрес. Не смееше да се случи вакво нешто“, рече еден татко по инцидентот за белгиски медиум.
Според најновата одлука на локалната полиција, до крајот на летната сезона, одреден број од нив ќе патролираат на плажа за да не се случи сличен таков инцидент.