Мет Дејмон фатен на плажа без маица: Наскоро полни 50 години, и изгледа опасно добро

2 август, 20200
Annotation 2020-08-01 231257

Познатиот холивудски актер изгледа фантастично, иако за неколку месеци ќе наполни 50 години

Американскиот актер, филмски продуцент и сценарист Мет Дејмон (49) уживаше во слободниот ден на плажа во Малибу со сопругата и децата.

Имено, Мет е фотографиран додека се сончал на плажа во Калифорнија додека уживал со сопругата Луцијана Баросо (44), нивните три ќерки, и миленичиња.

Им се придружиле и семејни пријатели, а Мет се дружеше со нив додека се грижеше за своите ќерки и миленичињата.

Ѕвездата на филмот „Идентитетот на Борн“ и неговата 44-годишна сопруга, по потекло од Аргентина, подоцна влегоа во вода за да сурфаат, а Мет страсно ја бакна својата сопруга кога се оддалечи од децата, и се чини дека сè уште се вљубени како првиот ден.

Мет цело време беше без маица и носеше само црни шорцеви, а во таа прилика ги истакна и извајаното тело, затегнатите раменици и рацете, како и мускулите на стомакот. Мет навистина држи до изгледот на своето тело и изгледа фантастично, иако ќе наполни 50 години за два и пол месеци.

Тој цело време носеше црна капа на главата, како и очила за сонце, додека сопругата беше само во темно зелено бикини.

Потсетуваме, Мет и Луцијана се во брак од 2005 година и имаат три ќерки, Изабела (14), Џиу (11) и Стела Дејмонд (9), а Луцијана има и 21-годишна ќерка, Алесија Баросо, од бракот со претходниот сопруг, Арбел Баросо.

Патем, Мет и неговото семејство беа изолирани во Ирска неколку месеци, затоа што тие беа таму кога започна вонредната состојба и сега конечно се вратија дома и уживаат во летните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi