МИЛИОНЕРСКИ ОТКРИТИЈА: Постои една важна разлика помеѓу просечните и богатите луѓе! Ако сакате успех, мора да го сторите ОВА

popara14 ноември, 20201min0
Screenshot_11

Она што ги разликува исклучително богатите луѓе од просечните, главно лежи во менталниот сет. Богатите луѓе генерално размислуваат поинаку, се однесуваат и избираат поинаку од нас. Во „Тајните на умот на милионерот“, авторот Т.Харв Екер вели дека постои само една навидум безопасна навика која ја имаат „обичните“ луѓе, а од која бегаат богатите, а тоа е дека сакаме да се жалиме.

Имено, Екер тврди дека жалењето нè тера да се фокусираме на она што не е добро во нашите животи, наместо да го користиме времето да обрнеме внимание на тоа што може да успее и дека всушност позитивните работи привлекуваат позитивни резултати.

„Кога постојано се жалите, тоа е исто како да повикувате негативни работи во вашиот живот“, вели авторот.

На нашиот финансиски успех влијае и околината, поточно – пријателствата и врските што ги имаме.

Стив Сиболд, милионер кој интервјуираше повеќе од 1.200 богаташи, заклучи дека богатите се многу попребирливи во изборот на луѓе со кои се дружат и дека тие избори имаат влијание врз нивното богатство.

Екер има сличен став кога зборува за негативната енергија што ја привлекуваме кога се жалиме затоа што не можеме да останеме позитивни ако сме опкружени со луѓе кои постојано се жалат и на кои „сè им е тешко“.

„Со текот на времето, се навикнавте на оваа линија на размислување, па се наоѓате себеси како чекате на ред да започнете да се жалите на сопствениот живот. Тоа е круг во кој лесно се паѓа “, заклучува Екер и вели дека ако ни треба финансиски пресврт и сакаме да напредуваме, мора да престанеме да се жалиме.

„Треба да ги изберете своите мисли и зборови и да се потсетите да создадете свој живот“, заклучува Екер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma