Д-р Марк Ван Ранст, епидемиолог од универзитетот во Белгија, тврди дека прегрнувањето е побезбедно отколку ракувањето, пренесува Mirror. Во многу земји ширум светот, мерките се опуштени и ефектите на корона вирусот се намалени. Експерт од Белгија смета дека откако ќе се укинат мерките и кога животот ќе се врати во нормала, можеби побезбедна опција за поздравување би била да се гушка. Д-р Марк Ван Ранст, епидемиолог од Универзитетот во Белгија, тврди дека контактот од кожа на кожа е најопасната варијанта на поздравување.
-“Ако ме прашувате мене, на луѓето им е дозволено да гушкаат. Ако зборуваме за контакт кожа-на-кожа, тоа го зголемува ризикот од ширење на вирусот. Само помислете, рацете доаѓаат во контакт со другите и со надворешното опкружување, што ја зголемува можноста вирусот да се шири” – објаснува тој.
– “Треба да продолжите да избегнувате да се ракувате со голем број луѓе, како што се случува, на пример, на конференциска маса,а прегрнувајте се само со луѓето со кои сте особено блиски” – советува д-р Ван Ранст.
Сепак, не сите се согласуваат со мислењето на епидемиологот од Белгија и тие веруваат дека е важно да се продолжи со држење на растојание меѓу луѓето.