Многу тежок ден за Близнаците, Јарецот несреќен во бракот

28 август, 2020
horoskop denes 3

ОВЕН

Имате впечаток дека околностите се против вас и најверојатно сте во право. Држете се на страна и не влегувајте во ризици. Ако сте во брак или заедница, сметате дека саканата личност нешто ви крие. Проблеми со варењето на храната.

БИК

Јасно е дека не гледате се на вистинскиот начин. Во работната комуникација и сами може да бидете малку нејасни и недифинирани. Ќе запознаете интересна личност од соседството. Проблеми со уринарни инфекции.

БЛИЗНАЦИ

Многу тежок ден е пред вас. Можни се големи трошоци или некоја материјална штета. Внимавајте. Сега сте загрижени за своето поле на финансии, па затоа односот со саканата личност паѓа во втор план. Посетете лекар.

РАК

Лесно може да се случи некоја кражба на ваша штета. Немојте да влегувате во било каков вид шпекулации. Разочарани сте, и во вас сега навираат негативни емоции. Ќе ви биде потребно некое време за нова љубов. Замор.

ЛАВ

Немојте да се занимавате со важни работни задачи денеска. Вашите идеји не се довршени и не се подготвени за презентација. Не брзајте. Иако сте мислеле дека сте подготвени за прекин на врската, сега се двоумите. Психолошки сте напнати.

ДЕВИЦА

Сте изгубиле доверба во некој од соработниците, најверојатно во личност родена во земјен знак. Иако умеете да бидете издржливи и толерантни кога навистина сакате, сега на некој начин сте дошле до граница на трпеливост. Стрес и нервоза.

ВАГА

Можни сте некои мали несогласувања со надредените или некој од нив не ги исполнил ветувањата кои ги дал. Дистанцата која владее меѓу вас и партнерот, тешко ви паѓа, но сте свесни дека се од него зависи. Проблеми со грбот.

ШКОРПИЈА

Доколку планирате пат далеку во странство, имате шанси за добар исход. Во спротивно, подобро да бидете дома. Ви се допаѓа една сестрана и необична личност која има уметнички талент. Водете сметка околу циркулацијата.

СТРЕЛЕЦ

Ве загрижуваат трошоци кои се пред вас, но се надевате дека во вистинско време ќе успеете да ги регулирате. Можно е да почнувате да се сомневате во вашата врска и сметате дека не е се онака како што се претставува. Восплаенија или инфекции.

ЈАРЕЦ

Имате впечаток дека вашите соработници не може да го следат вашето темпо и на некој начин ве успоруваат. Во бракот веќе не сте среќни, сите тоа го знаат, а најтешко е да си признаете себе си. Не е поволен период. Внимавајте на бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Денешниот ден не ви е претерано добар за работа, особено ако сте планирале некои големи промени. Очекувајте интересна љубовна средба во вечерните часови. Пред вас е романтика. Проблеми со притисокот.

РИБИ

Пред вас е генерално добар ден. Се што ви треба и што барате може да добиете без голема мака. Ве очекува понуда за сериозна врска со личност во која од некои причини немате доверба. Чувствителни стопала.

escort - Korsan taksi