На Австријците “ИМ ПРЕКИПА” од Нео-нацистите! Куќата на Хитлер ја прават Полициска Станица

6 јуни, 20200
avstrija

Сите нацистички обележја ќе бидат отстранети од родното место на Адолф Хитлер во Австрија за да престанат да привлекуваат екстремисти, објави во вторникот министерот за внатрешни работи Карл Нехамер. Куќата во градот Браунау ќе биде претворена во полициска станица, рече Нехамер на прес-конференција.

„Полицијата е чувар на основните права и слободи“,вели тој. Трикатна зграда во центарот на Браунау привлекува неонацисти уште од 1950-тите. Министерството за внатрешни работи им нареди на историчарите и политиколозите да го решат овој проблем. „Крајниот резултат е да се неутрализира целата локација“, вели висок функционер на министерството, Херман Фејнер.

Hitler kukja
3
4
5
6
7

За да се постигне ова, архитектите на компанијата Marte.Marte решиле суптилно да ги отстранат промените што се случиле за време на нацистичката ера кога приземјето добило форма на тврдина и редизајнирани покриви и прозорци. Постојат планови да се отстрани спомен-каменот пред куќата што го негира фашизмот и најверојатно ќе биде преместен во музеј, вели Фејнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *