Џина Стјуарт (49) пред две години беше прогласена за најсекси баба на светот во светските медиуми, а оттогаш илјадници луѓе сакаат да ја следат на нејзиниот Инстаграм профил.
Благодарение на нејзиниот атрактивен изглед, Џина стана сензација на Интернет, а сега им откри на британските медиуми дека минува низ бизарни третмани поради нејзиниот младешки изглед. Таа буквално се смрзнува на -100 степени во посебен третман кој трае три минути и, наводно, го одржува тонусот на кожата и лицето и е како на двапати помлада девојка.
Најсексапилната баба на светот вели дека за нејзиниот изглед помага и фактот што не пие алкохол и кафе, а нејзината исхрана најмногу се заснова на протеини.
Секси бабата обожава да се фотографира во секси изданија во кои уживаат фановите од целиот свет.