Научниците го пронајдоа најчистиот воздух на светот!

popara5 јуни, 20201min00
воздух

Научниците веруваат дека го пронашле најчистиот воздух во светот, без честички предизвикани од човечка активност, тој се наоѓа над Јужниот океан, кој го опкружува Антарктикот.

Во првата студија за биоаеросолниот состав на Јужниот океан, истражувачите од Универзитетот во Колорадо откриле атмосферски регион што не бил променет од човечките активности,објавува CNN. Времето и климата се тесно поврзани и го поврзуваат секој дел од светот со другите региони. Бидејќи климата се менува брзо како резултат на човековите активности, научниците и истражувачите се борат да најдат дел на Земјата каде луѓето не влијаат со своите активности.

 Истражувачите откриле дека воздухот од граничниот слој, кој ги храни пониските облаци над Јужниот океан, не содржи аеросолни честички создадени со човечка активност, вклучително и горење фосилни горива, садење одредени култури, производство на ѓубрива и отстранување на отпадни води или транспортирање од други земји низ целиот свет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag