НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ! Намирниците кои ги користите секој ден можат да имаат негативно влијание врз Вашето здравје

17 август, 20200
shutterstock_133259828_1000x0

Луѓето денес се повеќе внимаваат да јадат здраво – но не е важно само каква храна јадеме, туку и кога ја јадеме.

Постојат одредени правила кога станува збор за периодот од денот кога јадеме намирници. На пример, јадењето јаболко во погрешно време, всушност може да предизвика проблеми со цревата, наместо да го подобри варењето на храната.

Еве неколку совети за времето на консумирање на храна, кои ги пренесува „Miss zdrava“.

Банани

Ова овошје може да биде примамлива храна за појадок, но ако се јаде на празен стомак, таа всушност може да го намали нивото на енергија. Поради шеќерот, наплив на сила се чувствува на почетокот, но по неколку часа ќе се појави замор и глад. Конзумирањето на банани, исто така, може да претставува закана за луѓето кои страдаат од синдром на „нерзовни црева“, бидејќи предизвикуваат дијареја. Сепак, наутро, бананите можат да се комбинираат со друга храна, по можност онаа која содржи здрави масти како што е путерот од кикирики.

Кафе

Иако се чини природно да се пие кафе после будењето, истражувањата покажаа дека овој пијалок пред јадење ја подобрува нашата толеранција кон кофеинот. Во првиот час по будењето, телото произведува кортизол и важно е да не му се пречи на овој процес. Исто така е важно да не пиете кафе навечер, затоа што може да се појави несоница.

Ориз

Храната со ориз нее најдобрата опција за вечера, затоа што содржи многу сложени јаглехидрати на кои им е потребно долго време за варење. Ова е добра работа затоа што нè одржува долго време со енергија. Но, оризот создава калории, што потенцијално може да предизвикаат дебелина. Ручекот е најдобро време за да го вклучите оризот во вашата диета, затоа што тогаш вашиот метаболизам работи брзо. Сложените јаглехидрати ни даваат доволно енергија за целиот ден.

Шеќер

Познато е дека преработениот шеќер е многу лош за организмот, но многумина сè уште не можат да им одолеат на слатките. Клучна грешка е јадење слатки за ужина. На тој начин, нивото на шеќер во крвта се зголемува, предизвикувајќи ненадејно зголемување, а потоа и ненадеен пад што доведува до замор и нервоза. Најдобро е да јадете слатки после главниот оброк, бидејќи на тој начин нивото на шеќер во крвта нема да се зголеми драстично.

Млеко

Ако пиете млеко наутро, тоа нема да биде добро за вашиот стомак. Млекото тешко се вари, па консумирањето во утринските часови може да предизвика металоиди и болки во стомакот. Вечерта е најдобро време за чаша топло млеко, бидејќи помага телото да се смири и го олеснува спиењето.

Месо

Месото исто така може да биде голем товар при варењето иако е одличен извор на протеини и витамин Б. Препорачливо е да се избегне јадење стек пред спиење. Избор на посно месо и јадење најмалку 3 часа пред спиење е добра опција затоа што обезбедува заситеност и не содржи прекумерни количини калории што би можеле да доведат до несакани килограми. Исто така е добро да го јадете за ручек, но тоа е премногу тешко за стомакот наутро.

Јаткасти плодови

Тие се одличен извор на здрави масти и калории, но не треба да ги јадеме навечер, затоа што можат да му пречат на сонот. Најдобро е да ги консумирате за појадок или ужинка за да ги добиете сите придобивки: здравјето на срцето, контрола на холестерол, слабеење и зајакнување на кожата и косата.

Сирење со висока содржина на масноти

Пред спиење, треба да останете подалеку од ваквите сирења. Тешко се варат, па можат да го нарушат спиењето и желудникот. Од друга страна, консумирањето сирење за појадок му овозможува на организмот многу потребен калциум, што го стимулира растот на мускулите и здравјето на коските.

Агруми

Веројатно сте слушнале дека наутро треба да пиете исцеден лимон, но се чини дека не е добра работа. Агрумите се многу кисели, така што со или после главниот оброк, тие го зголемуваат формирањето на киселини, што може да доведе до дигестивни проблеми како што е горушица, чувство на тежина во стомакот и забавување на апсорпцијата на хранливи материи. Затоа, после секој оброк, треба да почекате, а потоа да се напиете овошен сок.

Грав

Ова е храна богата со растителни влакна, така што консумирањето навечер може да предизвика надуеност и да го намали квалитетот на спиењето кај некои луѓе. Подобро е да се биде внимателен со оваа храна. Совршено е за ручек или рана вечера: на овој начин, сите корисни состојки ќе се сварат, па со помала веројатност ќе предизвика надуеност.

Јаболки

Уште еден вид храна богата со растителни влакна и природни киселини кои ја подобруваат работата на варењето и функцијата на дебелото црево. Но, ако се јадат доцна во вечерните часови, киселините од нив можат да се акумулираат во стомакот и да предизвикаат непријатност. Јадењето јаболка во текот на ноќта исто така може да предизвика прекумерна подуеност и дигестивни проблеми. Ова се случува затоа што варењето се забавува ноќе и е потребно многу подолго време за да се свари секоја храна. Најдобро време за јадење јаболка е наутро. На овој начин, цревата се будат после спиењето.

Јогурт

Јогуртот не треба да се пие на празен стомак или пред некој оброк. Содржи млечна киселина која може да ја намали киселоста на желудникот и да го забави варењето на храната. Најдобро е да го пиете 1 до 2 часа по главниот оброк, а помала количина јогурт пред спиење ќе му даде на телото протеини и ќе придонесе за развој на мускулите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *