
Пејачката Јелена Карлеуша денес, 17 август го слави својот 42 роденден, а честитки и подароци доаѓаат од сите страни.
Од минатата ноќ, поточно како часовникот отчука на полноќ, Јелена ги споделува објавите на своите пријатели на Instagram Story, кои и ’честитаа на тој прекрасен ден, а на нејзината адреса пристигнаа неколку убави букети цвеќиња.
Постарата ќерка на пејачката, Атина Тошиќ објави заедничка фотографија со нејзината мајка и и честиташе за роденденот, што особено ја разнежни пејачката, која е многу блиска со нејзините наследнички.
– Среќна роденден мама, да бидеш жива и здрава уште 10 000 години – напиша Атина и додаде неколку емотикони срциња, а Јелена во коментар напиша: „Мамина убавица“.
Многу колеги и пријатели и честитаа на Јелена за нејзиниот роденден: Мира Шкориќ, Дара Бубамара, стилистот Стефан Орлиќ, нејзиниот долгогодишен пријател и соработник Зоран Бранташевиќ, Дејан Милишевиќ, Драгана Мирковиќ, Саша Видиќ…
Честитките, но и неколку подароци што ги доби пејачката, видете во галеријата подолу: