Неодолив алпски амбиент: Долина во Швајцарија има дури 72 ВОДОПАДИ и неверојатна околина (ВИДЕО)

popara7 јули, 20202min00
A1

Една од најубавите атракции во оваа земја е селото Lauterbrunen во подножјето на истоимената долина.

Швајцарија е позната по многу работи, а може најубавото богатство во оваа европска земја е нејзината преубава природа.

Долината Лаутербрунен е една од нејзините најпознати атракции, кои со причина многумина ја нарекуваат дека е рај на земјата.

Она што е специфично за Лаутербрунен е тоа што има 72 водопади!

Името на оваа долина во превод значи многу извори, а го добила по многубројните извори кои од рабовите стрмно паѓаат на ливадите и пасиштата, пишува TU магазинот.

Не се многу големи и нивната природа не е монументална, туку дискретна и романтична. Тоа е и единствената причина зошто многу туристи го пишуваат ова место на нивната мапа.

Оваа природа се наоѓа на само 70 километри од Берн, и до неа релативно лесно се стига. Штом ја напуштите цивилизацијата и урбаната средина ќе ги погледнете сцените кои ќе помислите дека се извадени од филм

Големите карпи и алпскиот пејсаж се идеална дестинација за одмор во секое време од годината.

Во ова место постои интересна приказна која жителите ја делат со туристите. Имено, овде има точно 72 водопади, па на туристите кои се дојдени на продолжен викенд секогаш им е предизвик з 72 часа од вокот одмор да пробат да ги посетат сите водопади на долината.

Во селото кое се вика исто како долината, алпскиот амбиент е она што го прави местото неодоливо и прекрасно. Сите куќички се изградени во типичен стил, направени од карпи, а овде се наоѓа и еден од највисоките водопади во Европа.

Водопадот Штаббаух се наоѓа на самиот крај на патот кој го сече селото, и е една од најпосетените атракции во овој крај.

Лаутербрун е дел од UNESCO- светско природно наследство од 2001 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag