Нов симптом за корона вирус кој сите го занемаруваат!!!

popara16 април, 20201min00
noze korona

Шпански лекари, експерти за заболувања на нозете откриле уште еден симптом што го забележале во најраната фаза на болеста кај пациентите кои се заразени со корона вирусот.

Иако симптомите на болеста Ковид-19 варираат од личност до личност, шпанските експерти сега испитуваат ранички на нозете што се појавиле кај некои пациенти во раните фази на болеста.

Поточно, станува збор за ранички што наликуваат на сипаници, велат експертите.

Според дерматолозите, кај голем број од пациентите во Италија, Франција и Шпанија се забележани ранички на нозете.

Овој симптом бил особено видлив кај тинејџери и деца, но и кај некои возрасни.

„Тие се виолетови лезии, многу слични на сипаници и осипи, кои обично се појавуваат на прстите и се лекуваат најнормално без да остават трага“, се вели во соопштението.

Научниците предупредуваат дека сè уште не можеме да зборуваме за научните докази зошто е тоа, но тие бараат да се реши овој симптом.

Инаку, нивното предупредување било предизвикано откако се појавил случајот на 13-годишник на кој му биле дијагностицирани овие симптоми на 8 март, за кои се верува дека биле предизвикани од пајак.

Сепак, тинејџерот, откако развил други симптоми, бил дијагностициран со корона вирус.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma