Пандемијата на вирусот корона го погоди целиот свет, а како што се загрозени сите возрасти, на новороденчињата во тајландската болница им е дадена дополнителна опрема за да се заштитат од можноста за инфекција.
Во петокот наутро се направени фотографии од новороденчиња од болницата во Бангкок со розови визири, кои наскоро станаа интернет хит и го разнежнија светот.
И додека католиците го слават Велигден, во Тајланд , се слави Сонгкран – нивниот новогодишен ден. Но, со оглед на тоа што Тајланд има 2.423 потврдени случаи на коронавирус и 32 смртни случаи, а повеќе од половина од случаите се пријавени во Бангкок, прославите нема да се одржат во јавност.
Минатата недела, владата воведе полициски час во целата земја помеѓу 10 и 4 часот наутро.