Чудна приказна доаѓа од Чешка која покажува како коронавирусот го промени и нудизмот. Имено, ОК е да бидете голи, но задолжително е да се носи маска!
Маските за лице не се задолжителни насекаде во светот, но во Чешка тие се, дури и кога станува збор за нудисти. Иако тие полека почнаа да ги олабавуваат ограничувањата, кога станува збор за маски, немаше шала, па затоа беше повикана полиција за интервенција, каде им објасни на нудистите дека нивниот начин на уживање во животот не е доведен во прашање, туку под услов – да носат заштитна маска.
Полицајците мораа да интервенираат во малиот град Лазне Бохданец, источно од Прага, каде беше забележана голема група на нудисти со несоодветна опрема. „За жал, голем број од нудистите кои се сончаа беа во големи групи и не се придржуваа до социјална дистанца, а добар дел од нив не носеа маски. По пристигнувањето на полицијата сите се согласиja да ги стават“, се вели во полицискиот извештај.