Новото лице на славната улица за време на пандемијата од коронавирус

popara4 април, 20202min00
аби

Пешачкиот премин на Еби Роуд во Лондон е едно од најпосетените места во главниот град на Соединетото кралство.

Причината за тоа е легендарната фотографија сликана за омотот на 11тиот албум на Битлси кој го носи името Еби Роуд, издаден во 1969 година. Ова е воедно и последниот заеднички студиски албум на бендот.

Култната фотографија ја фотографирал Ијаин Мекмилан, близок пријател на Џон Ленон, стоејќи на скали среде улицата додека славната четворка се движела лево-десно по зебрата.

Дека се работи за познат момент во историјата на светската дискографија говори и податокот што неискористените фотографии од ова фотографирање се продадени на аукција во 2014 година за неверојатни 180.000 британски фунти.

Зебрата на Еби Роуд се наоѓа во северозападен Лондон, во Вестминстер. Ова е многу раздвижен дел од областа заради жителите кои живеат во околината и заради туристите кои сакаат да ја фотографираат улицата за спомен.

Секои три месеци градот ги бои ѕидовите крај улицата за да се прекријат графитите кои љубителите на Битлси ги оставаат зад себе , но освежувањето на зебрата не е возможно да се изведува толку често.

Градските власти ја искористиле актуелната ситуација со карантинот во Лондон поради пандемијата на коронавирус за да ја освежат бојата на легендарниот пешачки премин.

“Ова е многу прометна зебра па само ги обоивме лентите за да ја осигураме видливоста и да ја зголемиме сигурноста и за возачите и за пешаците”, изјавил портпаролот на градскиот совет во Вестминстер. Како изгледа зебрата сега, можете да видите на овој линк

https://www.earthcam.com/world/england/london/abbeyroad/?cam=abbeyroad_uk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag