Објавено е дека имунитетот од Корона трае 3 месеци. Дали е навистина така?
Првичните информации за заштита од нова инфекција беа извлечени од новите препораки , објавени на почетокот на август, во кои се вели дека „оние кои имале коронавирус во последните три месеци, не мора да се изолираат“ во случај на контакт со пациенти.
Следи дека заштитата од нова инфекција трае најмногу три месеци, по што е можно повторно да се зарази. Сепак, во понатамошно појаснување, претставниците на ЦДЦ негираа такво толкување на препораките. Времетраењето и јачината на имунитетот сè уште не се познати и не може да се тврди дека заштитата од вирусот трае најмногу три месеци по инфекцијата, велат тие.
Според досегашните сознанија на научниците, можноста за двојна инфекција во период од 90 дена е исклучително мала, а студиите за антитела во организмот се разликуваат. Според едниот, нивниот број почнува да опаѓа два и пол месеци по инфекцијата, а според други, 90 проценти од луѓето ќе имаат антитела неколку месеци откако ќе ја надминат короната.