Обожавателите загрижени: Од стесот поради скандалот со сопругот Кајне Вест, Ким Кардашијан се здебели неколку килограми

22 август, 20200
profimedia-0541229132-830x0 (1)

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан мина низ тежок период со сопругот, раперот Канје Вест, по неговите скандалозни објави и нивните расправии на социјалните мрежи.

Ким ја промовира својата нова линија долна облека, а додека самата позираше во неа и ги објави снимките на социјалната мрежа Инстаграм, некои обожаватели забележале дека таа добила неколку килограми плус.

Иако никогаш не била слаба, таа е веќе позната по своите облини, овој пат некои забележале дека Ким се здебелила, па тоа го поврзале со проблемите што ги имала со сопругот.

Додека некои веруваат дека Ким добила неколку килограми повеќе од стрес, други се навикнати на нејзината градба, што секако не е според манекенските мерки, па некој колиграм нагоре или надолу не „боде “ очи.

Ве потсетуваме дека сè започна кога Канје одлучи да се кандидира на американските претседателски избори, а Ким наводно била против неговата одлука.

Во своите објавувања на Твитер, Канје тврди дека Ким се обидела да го стави во ментална установа, дури и дека се обидел да се разведе од неа. По раперот, се појави Кардашијан, изјавувајќи дека нејзиниот сопруг е болен.

– Животот со биполарно растројство не го спречи да ги оствари неговите соништа и креативни идеи, без разлика колку се чинеа големи. Тоа е дел од неговата генијалност … – изјавила Ким во тоа време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *