Три најбрзи летни диети

22 август, 20200
8

Одберете една од овие мини диети кои ви ги предлагаме, придржувајте се до препорачаната исхрана само еден ден и ќе се уверитедека несаканите килограми брзо ќе се стопат.

1. Диета со овошје и зеленчук

Појадок: Измешајте еден јогурт со 300 гр. сезонско овошје (јаболка, кајсија, праска, малини, боровинки…).

Ручек: 300 мл. бистра супа и 300 гр. варени и згмечени моркови.

Вечера: Мешана салата од овошје или зеленчук.

Совет: Бананите и грозјето имаат многу шеќер, па затоа во текот на оваа диета обидете се да ги избегнувате.

2. Диета со ориз

Појадок: Салата од сезонско овошје.

Ручек и вечера: Одберете 200 гр. ориз и поделете го на две порции кои ќе ги јадете во текот на денот. Една порција изедете ја со пире од јаболка, а другата со 300 гр. динстан зеленчук со лажичка масло за јадење.

Совет: Оризот се готви 40 минути без сол, затоа што солта ја задржува водата во телото. Наместо сол, зачинете го со цимет или некоја билка која делува како зачин (рузмарин, мајчина душица…).

3. Диета со компир

Појадок: Едно парче интегрален леб со филе од лосос или со 50 гр. младо сирење со ниско ниво на масти.

Ручек: Два варени или печени компири кои може да ги зачинете по желба и изедете ги со 150 гр. посна павлака.

Вечера: 200 гр. компири припремете ги со 350 гр. динстан зелечук (пиперка, брокула, карфиол, домати).

Совет: Компирот варете го со лушпата, затоа што во неа има витамин Ц кој придонесува за слабеењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *