Од дислексичар преку стрипер, до најзгоден маж на планетата: приказната за Ченинг Татум

27 април, 20200
ченинг

Американскиот актер Ченинг Татум го привлекол вниманието во 2006 година благодарение на филмот Step Up и оттогаш мами воздишки каде и да се појави.

Тој е роден во Алабама, а потоа се преселил во Мисисипи. Како дете се соочувал со дислексија и со недостаток на внимание што му ги отежнувало училишните обврски. Се занимавал со многу спортови- од фудбал, до бејзбол и боречки вештини. Се откажал од факултет и работел разни работи, како поправки на покриви.

Во еден момент се одлучил да работи како стритизер во еден клуб. Кога се преселил во Мајами го откриле ловци на таленти и така почнува неговата приказна. Се појавил во спотот на Рики Мартин за песната “She bangs” во 2000 година, за што заработил 400 долари. Потоа работел како модел за познатите модни брендови.

Тој се оженил со колешката Џен Деван која ја запознал на сетот на неговиот прв филм, а се венчале во 2009 година. Ја добиле ќерката во 2013 година, а пет години подоцна, односно девет години после венчавката, тие се развеле. Истата година тој започнал врска со пејачката Џеси Џеј, со која со години се разделувале па се смирувале, но на крајот сепак се разделиле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi